Португалија е подготвена за новата транша помош од 2,1 милијарда евра

Португалија ги исполни условите за добивање на следната транша од спасувачкиот план за земјата, соопштија министрите за финансии на земјите од еврозоната.

euros.jpg-500

Заедно со следната транша од 2,1 милијарда евра, Португалија добива и продолжување на намалувањето на  кредитите.

Министрите за финансии од еврозоната постигнаа согласност дека португалските власти прават напори за спроведување на програмата за заздравување на португалските финансии и за враќање на земјата на финансиските пазари.

Одлуката за одобрување на следната транша од помошта за Португалија треба да биде одобрена од националните парламенти на земјите од еврозоната.

Додади коментар