Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе одлука со која се менува цената на горивата од ноќеска на полноќ. Според оваа одлука цената на бензините и на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари по литар.

 

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,94, односно за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 69 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 54,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,5 денари за литар.

 

Со одлуката на РКЕ за 1,688 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 27,928 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,3 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,542 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Додади коментар