Поскапуваат горивата за 3 денари

Од полноќ па во наредните две недели горивата на бензинските пумпи во земајава ќе се точат по нови повисоки цени. Таква е одлуката што денеска ја објави Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.04.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.04.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)изнесува 46,00 ден/лит.

Додади коментар