Поставена е нова ограда во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“
28-09-2015 РЕГИОН

Се подобруваат условите за учениците кои се образовуаат во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци. Таму заврши проемната на старата ограда со нова, а се завршува и со хортикултурно уредување на дворот. Денеска во посета на училиштето беше градоначалникот Александар Панов со претставници на УСАИД. Беше извршен технички прием на заедничкиот проект кој се реализира во минатиот период, а ја опфаќа реконструкцијата на оградата.

„ УСАИД ни помага да направиме една целина во ова училиште. Освен спортската сала на ова училиште не му недостига ништо друго. Во наредниот период ќе интервенираме на промена на кровот и на парниот котел. Со тоа училиштето ќе стане целосно енергетски ефикасно. Спортската сала е ветена и е во програмата на владата. Се надевам дека наредната година веќе ќе биде изградена, а со тоа и да ги задоволиме потребите на сите ученици кои учат овде. Благодарност до УСАИД од името на градот за тоа што досега во многу наврати УСАИД излегол во пресрет на наши проекти“ рече Панов и најави можност за нова соработка со УСАИД и помош за изградба на концертната сала во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“.

 

Директорот на училиштето, Никола Нешковски нагласи дека макотропно работеле на проектот „Меѓутетничка интеграција во образовниот систем“, задоволен е од соработката со УСАИД и искажа голема благодарност за подршката.

На проектот „Меѓуетничка интеграција во образовниот систем“работиме околу две години. . На овој проект работеа околу 300 училишта на ниво на Македониуја. Мислам дека ние најефикасно одработивме. Дојдовме и до плодот, односно до парите, грант од УСАИД. Работевме со наставничкиот колегиум, локалната самоуправа. Проектот е со вкупна вредност од 1,2 милион денари. ЛС учествува со 20%, но општината влезе со 300 илјади денари, ние со 310 илјади денари. Нашите пари беа наменети за градежни зафати за училиштето во селото Бегниште, изработка на скали, изработка на две влезни врати, патека од бекатон плочки и потпорниот ѕид кој беше руиниран. Локаланата самоуправа учествува во хортикултурното уредување на дворот на училишптето. Имавме повеќе работилници со училишта каде има ученици од повеќе националности. Овој проиект го заокруживме со сите фази и доаѓа на виделина . Благодариме на УСАИД што го цени нашиот труд.“ рече директорот на ООУ “Тоде Хаџи-Тефов“.

 

Задоволни од завршената работа во ова училиште се и претставниците од УСАИД. Раководителот на проектот, Небојша Мојсовски рече дека годинава со подршка од УСАИД реновирани биле 13 училишта во земјава.

„Ние традиционалнао добро соработуваме со општина Кавадарци веќе две декади и имаме заедничкли имплементирано многуѕ проекти за подобрување на условит за живот на кавадарчани, особено во образовниот систем. Заедно со училиштето и општината, ја заменивме страта ограда со нова, која штое е и од естетски аспект ќе влијане позитивно на учениците, но има влијание и на безбедноста на ученциите. Оваа година реновиравмје 13-тина училишта во Македонија“ рече Небојша Мојсовски - раководител на проект на УСАИД.

Ангел Данов

 

 

 

 



Додади коментар