Почина актерот Васо Ангелов
17-09-2019 РЕГИОН

Денеска во 81 година од животот  во Кавадарци почина актерот Васо Ангелов.

 

Неколку децении Ангелов беше присутен во театарскиот живот на Кавадарци и државата. Тој учествувал во над 80 театарски драмски дела што биле поставувани на репертоарот на аматерскиот театар во Кавадарци,Неготино, во Скопје или во телевизиски драми, филмови, скечеви. Учествувал во повеќе од 400 театарски претстави и со својата активна и допадлива игра придонесуваше да се афирмира драмската уметност.

 

Посебен придонес има за заживување на драмскиот аматеризам во Кавадарци и Ваташа, каде најмногу се чувствува неговата активност како актер и како режисер, а тоа пак, придонесе неколку телевизиски режисери да го ангажираат во делата што ги подготвува и режираа доделувајќи му улоги во телевизиски драми и филмови за деца.

 

Ангелов одлично ја изведе улогата на Митке од претставата „Коштана“ што беше поставена на репертоарот на домот на културата во Кавадарци.

 

Последните негови настапи се во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.

 

Васо Ангелов беше роден 1938 година во Ваташа.

 

Додади коментар