По шести пат Коле Симијонов од Неготино го фаќа светиот крст
19-01-2015 РЕГИОН

Со одржување на утринска богослужба со литургија во манастирот Свети Ѓорѓи,  како и голем водосвет и лицитација на светиот крст во неготинската црква Свети Атанасиј, на која присуствуваа голем број православни верници, во општина Неготино започна празнувањето на еден од најголемите христијански празници Богојавление Водици. Голем број граѓани од Неготино се упатуваа кон Пепелишкиот мост каде традиционално се фрла светиот крст во водите на Вардар. Околу 20 верници од општина Неготино, влегоа во ладните води на реката Вардат за здравје и среќа да го фатат светиот крст , но најбрз и најсреќен од нив беше Коле Симијонов кој по 6 пат го извади светиот крст од водите на реката Вардар. Ова е негово 9 учество, а како што вели по 6 пат е најсреќен.

 

Како и секоја година така и оваа, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од име на општината на најсреќниот кој стигна до светиот крст му врачи пригоден подарок, лцд телевизор, а на сите верници од општина Неготино и Македонија им го честита празникот.

 

Честитка до најсреќниот и сите верници по повод празникот упати и пратеникот во Собранието на Република Македонија, д-р Благородна Бојаџиева.

Маја Алексовска



Додади коментар