Првата вечер од Тиквешки Грздобер исполнета со вино, убавина и музика
06-09-2014 РЕГИОН

Вино, песна, убавина овие три работи споени во едно синоќа и официјално од градскиот плоштад во Кавадарци го означија почетокот на Тиквешкиот Гроздобер, манифестација која годинава се случува по 50 ти јубилеен пат. Кавадарчани и останатите гости годинава за прв пат на едно место имаат можност да ги погледнат и дегустират најдобрите сорти на грозје и вино,ракија и останати производи од грозје од компаниите кој со свои штандови се присутни на градскиот плоштад.

 

Огромен број посетители и дегустатори забележаа вчера винариите на официјалната презентација и дегустација, по што забавата на плоштадот продолжи со боемскиот фестивал.Минути за боемите по душа, но и љубителите на фолкол и изворната фолк музика. Фестивал посветен на незаборавниот Никола Бадев и неговите песни кој едноставно сеуште живеат без паузи и запирање. Песни кој потсетуваат на неуморниот Бадев испеани од голклорните друштва и ансамбли кој гордо го носат неговото име. Испани од луѓе и поединци кој едноставно

 ја сакаат и неговаат песната на Бадев.

 

По овој фестивал, по виното и фолклорот, следуваа минути за останатата публика, онаа која ужива во друштвото на Тони Михајловски кој заедно со Скандал Састав направија одличен перформанс за уживање.

 

Адреналинот кај публиката синоќа го надолонија до врв маестро Влатко Стефанов докторот на гитара и единствената Андријана Јаневска која публиката имаше по долго време можност да ја види во едно поинакво издание и да ја награди заедно со Влатко со огромен аплаус и безброј врисоци. Стефановски не така ретко имаме можност да го следиме од блиску па затоа синоќа со уживање до целосно загревање наплативме за неговото отсуство од градот на виното. Првата вечер од гроздоберот заврши синоќа со изборот на винска убавица кој се случуваше во винската куќа Еми.

 

М.Младенова

Додади коментар