Прегазен пешак во Ваташа

63 годишниот Л.Ј од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило возило. Сообраќајната несреќа, како што информираа од полицијата, се случила дваесетина минути по полноќ.

 

Патничко моторно возило  „Форд фокус“ управувано од 20 годишниот С.Ц од Ваташа удрило во пешакот Л.Ј. Сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Страшо Пинџур“ и „Блажо Ицев“ во Ваташа.

 

Поради сериозноста на повредите пешакот е пренесен на скопските клиники по укажаната прва помош во кавадаречката болница.

А.Д

Додади коментар