Презентиран проектот за изградба на нова градинка во Кавадарци
06-08-2019 РЕГИОН

Во големата сала на Општина Кавадарци денеска се одржа Јавна презентација на проектот за изградба на нова градинката на локација на улицата „Ресавска“.

 

На тема „Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” зборуваа: Наташа Тасевска-Стојановска од Министерството за труд и социјална политика која пред присутните го презентираше проектот за новата градинка, потоа м-р Марија Малиновска која го образложи основниот проект за градинката, како и м-р Славјанка Пејчиновск- Андова која говореше на тема „Првична и ограничена оцена врз влијанието на животната средина и социјалниот аспект за изградба на новата градинка“.

 


На презентација присуствуваа: граѓани, родители, персонал од градинките, лица од општината, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни.
Со изградбата на новата градинка општината очекува значајно да го реши проблемот со недостиг на капацитети за сместување на децата од предучилишна возраст во ОЈУ Градинка „Рада Поцева“ информираат од прес службата на општина Кавадарци.



Додади коментар