Премиера на претставата “Новогодишна бајка“
24-12-2014 КУЛТУРА

Дедо Мраз,  неговите помошници, Добрата Самовила ,Ветерко и троокото чудовиште се главните протагонисти во претставата за деца „Новогодишна бајка“  која ја напиша Стево Симкин  а во режија на Диме Коцевски   премиерата можевме да ја проследиме  вчера попладне во изведба на театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ . По традиција новогодишната претстава за деца  се прикажува за учениците од прво до петто оддеелние и секој ден претставата се откупува од страна на едно училиште  . Така ќе биде и годинава е бројот на претставите ќе зависи од бројот на учениците од општинските училишта.  Добрата страна  во новогодишната претстава секако е традицијата пред новогодишните празници  на децата да им се понуди очекуваното доживување со Дедо Мраз.

 

Она што со години се повторува  за жал е отсуството на нова сценографија и костими па целиот товар на претставата се префрлува на  инвентивноста на актерите   на сцената кои преку својата актерска игра треба да ги анимираат децата и да ја предизвикаат детската фантазија за да можат  вистински да влезат во бајката и да ја доживеат. Во главните улоги денеска ги гледавме. Дедо Мраз- Александар Малинков, Ветерко Диме Коцевски, Добрата самовила Драгица Гочевска, Троокото чудовиште Валентина Ѓорѓиева и помошниците на Дедо Мраз Снежана Карова,Јане Колев, Марија Попова, Теона Јорданова, Марија Сакалиева, Страше Јованов, Душко Ѓорѓиев и Александар Кицев.

Мирјана Мукаетова

Додади коментар