Прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци

Почитувани сограѓани,   Дозволете ми на почетокот во мое име и во име на здружената опозиција да ви се заблагодарам на сите кои дадовте подршка и гласавте за Стево Пендаровски.

Социјалдемократскиот сојуз поодлучно од било кога ја продолжува битката за слобода и демократија.

Во втората фаза од предизборната кампања ќе водиме паралелна кампања и за претседателските и за предвремените парламентарни избори.

Изборниот  резултат е производ на системскиот притисок на власта предводена од Никола Груевски преку државните инструменти кои ги контролира овие 8 години.

Јасно е дека кај граѓаните постои желба за промени.

Во наредните две недели , ние од опозицијата заедно со вас почитуванни кавадарчани ќе застанеме на браникот на демократијата и слободата.

Борбата за промени , борбата за нов почеток продолжува.

Пред нас е уште еден изборен круг каде што почнуваме од нула.

Ќе бидеме со вас, помеѓу вас, и ќе укажуваме на сите пропусти на сите нелогичности што се случија во изминатите 8 години.

И покрај сите закани и уцени и покрај целиот притисок насочен кој обичниот човек зад опозицијата застанаа 330 000 граѓани на Република Македонија што е растечка тенденција а уште огромен број на наши сограѓани останаа дома.

Ова е максимум на злоупотребите на власта врз граѓанинот.

Бидејќи во неделата на изборите испаднаа само 48,84% или 870.000 граѓани на Македонија со останувањето дома   јасно и прачуваат на власта дека ја нема нивната подршка.

Почитувани Кавадарчани ве повикувам на енергичност и цврста определеност да се избориме за ПРОМЕНИТЕ ЗА НОВ ПОЧЕТОК во Македонија.

Секој да го даде својот максимум, овие избори се важни , пресудни за правецот по кој ќе продолжи Република Македонија. Не се работи за поединци, за мала група луѓе, за индивидуални политички кариери. Се работи за Македонија за нејзината иднина.

На 27 април сите масовно во огромен број да испаднеме и да дадеме подршка за промена на власта. На 27 април да го означиме почетокот на новите промени.

(

Додади коментар