Прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци

На територијата на општина Кавадарци веќе подолг период се операционализира една скандалозна монструозна замисла која на нај нечовечки начин директно им влезе во џебовите на кавадарчани.

Се работи за следново:

Кавадарчани, иако регуларно си извршиле уплата за комунална изградба на станови и деловни објекти со преддоговор, денес актуелната локална самоуправа повторно им бара наплата на комуналии на име приватизација на дивоградби, иако градењето на овие објекти било предвидено при промената на урбанистичкиот план на општината.

Голем број на сограѓани се оштетени од Општината од каде пак ги пренасочуваат да се жалат на суд каде што граѓаните излегуваат како губитници поради застареноста на делото согласно законот за облигациони односи.

Поради ваквата состојба, граѓаните сега се ставени во ќор сокак. Покрај тоа што не им се признаваат веќе дадените пари за авансна уплата за комунална изградба со пред договор, тие се принудени повторно да плаќаат  комуналии за истата градба а секако и судските трошкови за изгубениот судски спор.

Се поставува прашањето дали овде станува збор за класичен школски пример за измама каде релевантните институции метастазирани од локал-криминалните групи остануваат неми посматрачи на криминалот кој се прави јавно и на нај дрзок можен начин, и дали градоначалникот на општина Кавадарци има доблест да ги брани интересите на оние кои всушност му ја дадоа довербата и пред кои даде збор за чесно работење или пак можеби тој е нарачателот на оваа гнасна манипулација?

Ги прашуваме повиканите дали институциите функционираат само за интересите на алчните и незаситни челници на ВМРО-ДПМНЕ или пак ќе профункционираат и за интересите на граѓаните и нивно обештетување, кои очигледно се користат само како гласачка машина на ДПМНЕ.

Граѓаните ја даваат и ја земаат власта! На оваа недоветна гарнитура и доаѓа крајот. Граѓаните гласаа за власт која ќе ги штити нивните интереси, а не поединци од властодршците да си ги полнат сопствените џебови. Доаѓа време за израмнување на сметките на политичката вага а тука кавадарчани се познати по тоа како наградуваат но и по тоа како казнуваат.

 

 (интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев)

 

 

 

Додади коментар