Прес СДСМ Кавадарци: „Уште една изгубена година за Македонија и Кавадарци“

Социјалдемократите од Кавадарци денеска на прес конференција ја анализираа годината што одминува од политчки,економски и локален аспект. Беше изнесена констатација дека граѓаните се посиромашни и без јасна перспектива, споредено со било кога претходно.

„Економските политики на власта после 7 години не само што не дадоа резултат, туку имаа и ретроградни ефекти. Македонија е единствената држава во која се намалува невработеноста, а не се зголе зголемува вработеноста. Денеска имаме мегаломански буџет од 3 милијарди евра кој служи исклучиво за скапи реклами на владата, создавање лажен сјај и циркузантски атракции претежно видени во најзагадениот град во државата-Скопје“ рече Бетиане Китев.

Нагласи дека во земајва партизирано било се што можело да се партизира. Според него, за да се биде успешен немало потреба од диплома,ниту знаење, единствено била потребна членската книшка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа година се одржаа локалните избори кои од сите странски релевантни набљудувачи беа оценети како скандалозни. Дали денес после 8 месеци се чувствува подобрување, нова енергија, живост во општината? Лозарите се дрско измамени со откупните цени и нинвото зголемување, а од друга страна субвенции по килограм нема, што споредбено значи дека имаме пад на цените во споредба со лани.“ рече Китев и потенцира дека во Кавадарци имало тотална незаинтересираност за спортот поради што дошло до целосно распуштање на фудбалот.

„Масовни казни добија трговците и дуќанџиите кои преку високо изречените глоби станаа пополнувачи на буџетските дупки создадени од економскиот масакар на државата под водство на Груевски и тимот на преродбата. Се помалку можеме да го вориме за политчки понуди на економски план, ако не ја вратиме слободата и демократијата. Како резултат на лошите политки на власта во Македонија, Европската Унија по петти пат не и додели датум за почеток на разговорите на нашата држава.“ рече Китев и упати покана до граѓаните да се придружеле кон опозицијата, бидејќи мерките што ги промовирал СДСМ досега создале клима на верување дека може подобро да се живее.

A.Д

Додади коментар