Приведен осомничениот за убиството на момчето од Ваташа

По превземени оперативно-тактички мерки во соработка со основно јавно обвинителство Велес, на ден 07.01.2014година во 18.50час. во Кавадарци лишено е од слобода лице за кое постојат основи за сомнение дека сторило кривично дело „убиство„

 

Лицето со кривичната пријава во текот на денов ќе биде изведено пред надлежен јавен обвинител.

           

Имено, според сознанијата и документираниот материјал, постојат основи за сомнение дека осомничениот на ден 30.12.2013година во времето од 08,15 до 08,30час. го пресретнал сега починатиот пред зграда на улица Страшо Пинџур бр.71 во Ваташа, по што физички го нападнал , удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, по што се оддалечил во непознат правец, се наведува во официјалното соопштение од СВР Велес, а не се соопштуваат детали околу идентитетот на осомничениот.

Додади коментар