Притвор за професорот педофил од Неготино

Триесет дневен притвор заработи 54 годишниот професор во неготинската гимназија Б.Т кој од страна на 15 годишна ученичка беше обвинет дека сексуално ја злоставувал.

Од полициската станица во Неготино информираа дека настанот се случил на 17 мај, во училишната библиотека, кога професорот во четири наврати ја допирал по градите и телото.Вознемирена средношколката за случката им раскажала на нејзините родители по што тие веднаш пријавиле во полиција.

Шокантната вест брзо се прошири низ градот и стигна до гимназијата.Колегите на професорот рекоа дека важел за принципиелен и авторитетен човек. Раководството на училиштето беше шокирано од пријавата за колегата но се воздржаа од било какви коментари. Побараа време во кое сепак ќе требало случајот да го расчистат истражните органи.

-„Не можев да поверувам во она што го слушнав. Тој мене ми е колега и досега не сум забележала непристојно однесување од негова страна. Ги чекам сите активности кои треба да  бидат спроведени од страна на надлежните институции што значи секоја нивна информација и писмено задолжение секако дека ќе го реализираме,“- рече Маја Тефова,директор на СОУ Свети Кирил и Методиј

Денес осомничениот професор беше изведен пред истражен судија во Велес каде го даде својот исказ.Беа сослушани и девојчето и нејзините родители.Доцна попладнево истражниот судија на професорот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена./Б.Н.Т

Извор: Дума.мк

Додади коментар