Продлабочена рецесијата во еврозоната

Во еврозоната во првото тромесечие е забележан пад од 0,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), со тоа дополнително е продлабочена рецесијата во еврозоната, соопшти денеска  Евростат.

eurozone-500

Девет од 17 членки на еврозоната се наоѓаат на листата земји кои се во рецесија, а на кои им се приклучи и Франција, се наведува во извештајот на Евростат.

Еврозоната бележи забавување од четвртото тромесечие во 2011 година.

Прво само периферните членки на еврозоната, како што се Грција и Португалија, забележаа пад, но „заразата“ сега се прошири и на т.н. клучни земји од монетарната унија.

Додади коментар