Продолжи изградбата на кружен тек кај „Тиквеш“
20-06-2019 РЕГИОН

Ангажираната фирма „Градба промет“ продолжи со градежните работи за изградба на сообраќајно- комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.


Во оваа фаза се изведува проширување на коловозните ленти, вадење на стариот асвалт, како и тампонирање. Со овој зафат се оформува изгледот на новиот „турбо“ кружен тек на раскрсницата на улиците „Западен булевар“ со ул. 8 „Септември“.
Овој сообраќаен објект зафаќа површина од 3000м2, а согласно стандардите е со комплетна сообраќајна и комунална инфраструктура на јавно улично осветлување и хорти културно уредување - информираат од општинската прес служба.


Овде се гради современо сообраќајно решение со кружен тек за експресно одвивање на сообраќајот по регионалната улица „Западен Булевар“.


Општината Кавадарци инвестира 17,5 милиони денари, пари од буџетот за комунална изградба.
Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за време на изградбата на кружниот тек да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај, и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

 

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци успешно реализираше уште еден комунален проект.


На улицата „Галишка“ која опфаќа повеќе споредни улички, беше извршено поплочување на уште еден крак. Со павер елементи се оформи урбанизирана површина на улица од 300 метри квадратни од трафостаницата во правец на запад и спојување на два претходно поплочени дела од овој крак на улицата.


Општината со овој проект овозможи урбанизација на потег, со што жителите од овој дел на Кавадарци повеќе нема да се движат низ прашина и да газат кал. реализацијата на улиуцата е на барање на граѓаните од овој дел.

Додади коментар