Пронајден човечки череп

Во месноста „Амзовец“ во близина на локалниот пат Кавадарци-Ресава е пронајден човечки череп. Случајот е веднаш пријавен во кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден околу 15 часот.

Како што информираат од СВР Велес, лицето С.Г пријавило дека додека се движело во месноста „Анковец“ забележал човечки череп.

„По овластување на Јавното Обвинителство,  од страна на увидна екипа од СВР Велес извршен е увид на лице место. По наредба на истражен судија черепот ке биде пренесен во Институтот за судска медицина“ рече портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

А.Д

Додади коментар