Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци
28-02-2020 РЕГИОН
ОК на ВМРО-ДМПМНЕ Кавадарци денеска се огласи со писмена реакција на вчерашната прес конференција на ОО СДСМ:
 
(интегрален текст)  Единствено важно за СДСМ и Зоран Заев се криминалот и корупцијата.
СДСМ и Заев за три години власт донесоа само мизерија и низок стандард за живеење. 
СДСМ тотално потфрли на економски план, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. 
 
Заради лошите економски политики на власта, граѓаните се се повеќе сиромашни. Податоците говорат дека со СДСМ и Заев дури над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата во Македонија. 
Покачувањето на платите со кое што се фали СДСМ е само фиктивно, а граѓаните немаат почувствувано ниту една добра и реална мерка од страна на СДСМ која  ќе им го подобри животниот стандард.
 
 
СДСМ и Заев пред да дојдат на власт говореа дека Македонија има преобемна и неефикасна администрација за сега кога дојде на власт континуирано да го зголемува нејзиниот број. Единствениот интерес на СДСМ е да ги вработи своите партиски послушници за кои реално нема потреба во и онака пренатрупаната администрација.
 
 
За тоа дека владата води неуспешни економски политики говорат и фактите дека во Македонија над 140.000 млади се сиромашни. 
Според истражувањата дури 71,8 од младите сакаат да се иселат додека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната. 
СДСМ и Заев не донесоа ништо добро. 
 
 
Криминално рекетарската банда на чело со Зоран Заев мора да замине за граѓаните конечно да се ослободат од  економската и егзистенцијалната агонијата која трае повеќе од 3 години.
На 12 април доаѓа Обнова на Македонија. На 12 април граѓаните ќе ја донесат мудрата одлука и ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа ќе дадат поддршка за реални проекти и мерки од кои најголема придобивка ќе имаат токму граѓаните и младите во Република Македонија.

Додади коментар