Регионален натпревар за млади техничари и иноватори

ООУ Тоде Хаџи Тефов денеска беше домаќин на регионалниот натпревар за млади техничари и иноватори.Организатор на натпреварот е здружението на наставници по техничко образование на Македонија, а истиот се спроведува по најновата акредитација добиена според одредбите на МОН за организирање натпревари.Од наставниците домаќини дознаваме кој се учествува во натпреварот и по колку дисциплини се натпреваруваат учениците.

 

Еве што претставниците на ждружението на наставници по техничко образование велат за акредитацијата, како е добиена, кој е иницијатор, но истите во изјавата за КТВ зборуваат и за критериумите на оценување на натпреварот, наградите и како понатаму истите би им користеле на најдобрите ученици.

 

Нај различни иноваторски изработки со применета најразлична техника денеска можеше да се види на натпреварот од кој најтешката задача по се изгледа ја имаше жири комисијата.

Примената на природните науки денеска беше само една од десетте дисциплини по кој се натпреваруваа учениците на регионалниот натпревар во ООУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци. Природни материјали вешто употребени во иноваторска и модерна технологија.Водопади, импровизирани плажи, еко сијалици беа само дел од делата со кој учениците учествуваа на натпреварот.Како се задоволни нивните ментори и дали во учениците веќе гледаат иноватори еве го мислењето.

 

И во оваа категорија од натпреварот жирито имаше тешка задача. Најдобрите за 1 место мораа да се потрудат да освојат 100 бода.

М.М

Додади коментар