Регистрирани прекршувања на полицискиот час во Кавадарци, Неготино и Велес
25-03-2020 РЕГИОН

На 24/25.03.2020 година за време на полицискиот час поради непочитување на истиот од слобода се лишени во Велес четири лица, во Кавадарци две лица и во Неготино две лица, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

                               Во моментот во самоизолација се наоѓаат вкупно 614 лица од кои 150 во Велес, 305 во Кавадарци и 159 во Неготино, информираат од СВР Велес.

 

 

Додади коментар