Реконструкција на водоводната мрежа и изградба на атмосферска канализација во Сопот
24-02-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци започна со реализација на нов комунален проект. Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на реконструкција на водоводна мрежа и линии на атмосферска канализација на улици во селото Сопот.


Станува збор за проект во износ од 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина -информираат од локалната самоуправа и додадаваат дека  овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.


Проектот се реализира во соработка со Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Општина Кавадарци

Додади коментар