Решенија за работа за шестмина музејски работници
03-06-2015 РЕГИОН

Шестмина вработени во музеј галерија Кавадарци денеска добија решенија за редовен работен однос. Конечно нивното вработување е решено, откако во изминативе две и повеќе години беа времено ангажирани во музеј галеријата.

 

Градоначалникот на општина Кавадарци денеска на свеченост им ги предаде решенијата и им го честита трансформирањето на работниот однос.

 

„Ви посакувам успешна работа и се надевам дека ќе одговорите на предизвиците, а тоа е зачувување на културното наследство во општина Кавадарци“ рече Панов./А.Д

Додади коментар