Ротари клуб Кавадарци го изгради фитнес центарот на отворено
21-03-2017 РЕГИОН

Фитнес центар на отворено доби Кавадарци. Од денеска и официјално истиот е во функција, благодарение на ротари клубот. Ова е уште еден нивни проект од низата со кои се помага заедницата. Чини околу 300 илјади денари, а е подготвен во ротаријанската 2015/2016 година.


Покрај фитнес центарот ротари клубот реализира и проект за реновирање на просториите на КУД „Тиквеш“ со цел играорците, културните амбасадори на Кавадарци да имаат пријатно катче каде ќе ги реализираат своите активности, а ќе се подобрат и условите за згрижување на децата во детското одделение при кавадаречката болница .

 

A.Д

 

 

Додади коментар