Ротари клуб Неготино донираше креветчиња за градинката
15-05-2014 РЕГИОН

Нови детски креветчиња денеска доби работниот објект ,,Мајски цвет,, при градинката Фемо Кулаков Неготино.Креветчињата се донација на Ротари клуб Неготино организација формирана за хуманитарно делување. Нај радосни беа дечињата кои донаторите ги почестија со песничка и искрени насмевки, но им врачија и благодарница за несебичната помош и подршка. Благодарноста до Ротари Клубот со порака и останатите да го следат нивниот хуман чекор ја изрази и директорката на детската градинка Весна Нацева.

 

„Нашата основна функција е да помагаме.Да бидеме функционални онаму каде што има потреба  од нашата динација.Таков беше случајот со детската градинка во која донираме креветчиња со особено задоволство бидејќи децата никогаш не забораваат кој им помага“ истакна претседателот на Ротари клуб Неготино Ѓорѓи Тренев.

 

Инаку денешната донација на детски креветчиња во градинката Фемо Кулаков Неготино е втора по ред.Од нејзиното постоење до денеска донирале само пред неколку години Фени индустри и денес Ротари клубот.

М.Младнова

Додади коментар