СДСМ:Градскиот стадион во Кавадарци се распаѓа!“

„Градскиот стадион во Кавадарци се распаѓа поради недомаќинското и расипничкото однесување на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ - обвинија на прес конференција денска од локалниот клуб на СДММ Кавадарци.

 

(интегрален текст од прес конференцијата)

Погледнете  ја целосната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за спортот и за граѓаните на Кавадарци. Поради катастрофалната состојба во која што се наоѓа стадионот е суспендиран и натпрварарите од втората фудбалска  лига се играат во други градови.

 

Младинските школи и фудбалери се оставени сами на себе, со неисплатени плати во последните неколку месеци, како за играчите, така и за тренерите.

 

Ова е резултатот од недомаќинското  и расипничко однесување на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Александар Панов.

 

Срамно и и жално за Кавадарци.

 

Спортистите, љубителите на спортот и младите кои што  не го напуштиле Кавадарци не заслужуваат ваков неодговорен однос.

 

Не  може да има 18 милиони евра за едно Панорамско тркало во Скопје, а да нема пари за младите спортисти од Кавадарцим да нема пари за граѓаните.

 

Советничката група на СДСМ во советот ќе покрене иницијатива за конечно решавање на овој проблем. Кавадарци повторно ќе има стадион каков што заслужува.

 

По промените, новата, одговорна власт предводена од СДСМ парите ќе ги насочи кон граѓаните и решавање на проблемите во интерес на граѓаните.

Додади коментар