СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста исто како со мигрантите
23-03-2018 РЕГИОН

ОО на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ изнесени на вчерашната прес конференција. Беше нагласено дека ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста околу законот за јазици и дека никој во Кавадарци нема да биде приморан да учи и зборува албански јазик...

 

 

(интегрален текст)  Партијата ВМРО-ДПМНЕ, за време на своето 11 годинишно криминално владеење ја уништуваше Република Македонија, ги осиромаши граѓаните, ја изолираше земјата и институциите ги остави во распад.

 

Денеска ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува ниту за патриотизам, ниту за некаква одрбрана на национални или државни интереси.

 

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци повторно шири лажен патриотизам. Хистеријата и измислениот национализам што го промовира ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците е лицемерие и лаги. Ништо повеќе.

 

Слична ваква хистерија ВМРО- ДПМНЕ ширеше и за време на изборната кампања за локалните избори со измислените мигранти. Еве гледаме денес, мигранти во Република Македонија нема!

 

Особено ако се има во предвид дека токму ВМРО-ДПМНЕ еднаш веќе го прифати законот за јазици, со надеж дека ќе формира Влада. Добро се сеќаваме и дека нивната пратеничка група во 2011 година изгласа амнестијата на хашките случaи, вклучувајќи ја i актуелна пратеничка Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Претседателот на О.К на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци продолжува да ја лаже и манипулира јавноста дека во Кавадарци децата ќе учеле и зборувале албански јазик. Во Кавадарци никој нема да биде приморуван да учи и зборува албански јазик. Тоа се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Граѓаните на Кавадарци и понатаму ќе го користат својот мајчин јазик, македонскиот, исто како и досега.

 

СДСМ никогаш не бегал од дебата за ниту едно прашање. За разлика од ВРМО-ДПМНЕ која во последните десет години не се појави на ниту една.

 

Социјалдемократски Сојуз на Македонија повикува на дебата. Сакаме да разговаме за вистината, за целата јавност да увиди што претставува концептот за едно, односно еднакво општество за сите. Да објасниме зошто Кавадарчани нема да учат албански.

 

Повикуваме на дебата, за ВМРО-ДПМНЕ да каже зошто го покраде народот. Да објасни како украдените пари на македонските граѓани ги пренесуваше во Белизе и во останатите даночни раеви.

 

Да разговараме пред граѓаните и за катастрофалната состојбата во економијата што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ. Колку државна помош добиваа домашните компании тогаш, а колку добиваат сега со новиот план за економски раст на новата Влада.

 

Спремни сме да разговараме и за партизацираното судството и уништените институции што ги оставија.

 

Ако во ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да дебатираат во однос на овие прашања, СДСМ и пратеникот Бетиане Китев ги повикуваат да излезат на поширока телевизиска дебата, за законот за јазиците и за сите други теми.

 

 

Додади коментар