СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни што земјоделците неможат да ги добијат субвенциите“
14-03-2017 РЕГИОН

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни што земјоделците неможат да ги добијат субвенциите. Самопрогласениот лидер на лозарите Љупчо Аризанов треба да се заложи луѓето да си ги добијат парите“ - ова меѓу другото беше речено на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци.

 

(интегрален текст)

Бараме Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да го кочат функционирањето на државата.

Илјадници лозари не можат да си ги добијат субвенциите поради криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во власта, кое што не си ги извршува должностите.

 

Можат да се задолжуваат со милиони, да возат мерцедеси од 600.000 евра, а ги оставија лозарите без егзистенција.

 

Кого лаже министерот за земјоделство Цветков, дека требало да се менува законската регулатива?

На лозарите овде им доцнат субвенциите што досега по закон требаше да им бидат исплатени!

 

И самопрогласениот лидер на лозарите Љупчо Аризанов наместо да се богати на грбот на лозарите и за тоа да одработува сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, тој треба веднаш да се заложи луѓето да си ги добијат парите!

 

Бараме веднаш да се овозможи мирен трансфер на власта. Македонија да добие ноива реформска Влада, која што ќе се грижи за вистинските потреби на сите граѓани. Само тоа е решението за излез од оваа ситуација што ја загрозува егзистенцијата на луѓето во државата.



Додади коментар