СДСМ: Нема да има населување на бегалци, граѓаните да не подлегнуваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести за Нацрт – Стратегијата за бегалци со што предизвикува непотребна паника и вознемиреност помеѓу граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат под манипулациите и пропагандата на безидејното ВМРО-ДПМНЕ - велат од СДСМ.

 

Во Република Македонија нема да се градат станови и кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства на бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока. Република Македонија е и ќе продолжи да биде земја на транзит за бегалци и ќе им помага на бегалците во нивниот пат кон крајните дестинации согласно меѓународните стандарди.

 

Секое поинакво тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е лажно и има единствено за цел да шири страв и да го дефокусира вниманието од вистинските потреби на граѓаните - стои во соопштението од центарот за комуникации на СДСМ.

Додади коментар