СДСМ: Отчетот на градоначалникот Апостолов очаен празен настап
01-09-2017 РЕГИОН

Отчетот на градоначалникот во заминување Ванчо Апостолов беше само очаен празен настап на човек што одамна ја загубил довербата на граѓаните - оценуваат од ОО на СДСМ Неготино.

 

(интегрален текст) Иако решавањето на проблемот со водоснабдување беше едно од најголемите предизборни ветувања, до денес тој проблем и по изминати повеќе од 4 години мандат нема реалине е решен. Овој градоначалник ја задолжи општина Неготино со кредит од 1 милион евра и не го реши проблемот со водоснабдувањето.

 

Во текот на неговиот мандат често излегуваше на телевизија и повторуваше дека рестрикциите на водата за пиење во Неготино се минато. Секој граѓанин на Неготино знае дека рестрикциите се се уште секојдневие. Понатаму, Апостолов се пофали со 161 остварен проект меѓу кои ги стави и манифестациите како ден без автомобили, ден на дрвото, недела на виното, дочек на нова година и слично. Ако сите овие настани се проекти со кои градоначалникот после 4 годишен мандат излегува на прес конференција и се фали тогаш е јасно дека зад него нема реализирано ниту еден капитален проект со кој би се олеснил животот на граѓаните.

 

Апостолов зборува за индустриски зони во Општина Неготино, а единствено што направи во неговиот мандат е да успее да продаде големи површини - сопственост на оптштина Неготино, по многу ниска цена. Почитувани граѓани една од индустрииските зони кои што тој ги споменува во која има повеќе парцели е продадена на еден ист стопанственик. Индустрииската зона е неколку години продадена, парите од продажбата ги потроши, а граѓаните на Неготино не видоа никаква придобивка од продажбата, бидејќи тоа се обични празни ливади. Зборувајќи за стапката на невработеност, Апостолов не спомена дека во неговиот 4 годишен мандат енормно се зголемми стапката на иселување на младите од Неготино.

 

 

 

Градоначалникот во заминување зборуваше за асфалтирање на улици и изградба на нови улици а инфраструктурата низ градот никогаш не била полоша. Почитувани граѓани, Речиси и да нема реченица што беше точна во таканаречениот отчет на Апостолов. Не постои ниту едно прашање што градоначалникот во заминување го има решено. Речиси и да нема сегмент во кој Апостолов направил нешто корисно за граѓаните и општината. Улиците низ Неготино се раскопани и полни со смет, индустриските зони се празни ливади, а спортските објекти се во катастрофална состојба. Со ваквото управување со општината, Апостолов е најкатастрофалниот градоначалник во историјата на Неготино. Граѓаните наскоро ќе кажат што мислат за отчетот и за четиригодишното работење на Апостолов, кога на 15 октомври масовно ќе ги казнат неговите погубни политики што им наштетија на граѓаните и општината.

Додади коментар