СДСМ со одговор на обвинувањата од општина Кавадарци

Почитувани кавадарчани,Кавадаречката владеачка гарнитура повеќе од очигледно е добро издресирана и под медијација на фамилијата која еве неколку години ја крчми нашата држава, но сепак, видливо е ниското ново и присутниот простотилак за кој веројатно ќе им биде потребно повеќе време за да го надминат, ако воопшто успеат.

Всушност, со самата реакција и начинот на кој истапија наспроти многу концизниот и јасен прес со кој ја потенциравме состојбата на кавадарчани во врска со комуналиите кои се принудени да ги плаќаат два пати, станува совршено јасна нивната вознемиреност и немање на издржани аргументи со кои би се иземале од ваквото нечовечко постапување спрема сопстените сограѓани.

Младиот и неупатен говорник на ДПМНЕ зборува за ветер и магла, фрлање прашина... а паралелно потврдува дека кавадарчани навистина платиле авансен износ на комуналии, потврдува дека тие пари влегле во буџетот и дека денес повторно општината им бара пари по истиот основ. Што се однесува до првостепените пресуди, младото момче или нема елементарно познавање од правото, или пак по примерот на своите челници, знаејќи дека постојат и други инстанци се до правосилна и извршна судска пресуда, а свесен дека на крајот власта без разлика на исходот секако ќе си постапи како што сака, па затоа уште од сега заклучува случајот е завршен.

Од друга страна, што се однесува до преводите и поговорките „арамијата вика држете го арамијата„, ќе поставиме само неколку логични прашања на кои ги повикуваме одговор да дадат кавадарчани:

Ако навистина ете ние од СДСМ сме лажните светци како што не нарече младото момче а тие чесните домаќини, тогаш зошто така чесно не ги вратат авансно уплатените средства и да ги обештетат кавадарцани, бидејќи тие пари влегле во буџетот од кој тие,... „чесните„ ....трошат милиони само за пенкалца и пијалак!  И зошто,   доколку граѓаните биле жртви на измама, надлежните не покренат соодветна постапка за сторителот да биде соодветно санкциониран, a сите знаеме дека власта е во рацете на ДПМНЕ?

Зошто, владеачката гарнитура пет години молчеше и си ги трошеше овие пари на граѓаните, за сега да тврди дека крива е некоја претходна гарнитура што ги прибавила, а самите тие располагале со истите бидејќи станува збор за пари кои влегле во буџетот на општината?

Ете тоа почитувани е искривување на фактите и сеење магла, тоа е фразерство и боса психодијалектика во форма на текст осмислена од кујната на ДПМНЕ, кој што одговорниот и повиканиот градоначалник нема смелост ниту да го прочита, па затоа излегуваат некои млади наивчини тотално неупатени, но добро инструирани полтрони, со какви што всушност и располага ВМРО-ДПМНЕ.

(интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци)

Додади коментар