СДСМ: „Власта е виновна за хаосот во лозарството“

Власта со својата погрешна политика е виновна за целиот хаос кој владее во лозарството, обвинија на прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци. Беше речено дека гроздоберот што почнува денеска носел  уште една неизвесна година за лозарите и нивните семејства .

 

„Наводниот договор помеѓу лозарите и винарските визби, со посредство на МЗШВ ја зацементираа манката на одлгедувачите на грозје. Откупни цени, 11 и 13 денари за сортите смедеревка и вранец се договорени со партизиранителокални лозарски здруженија, кои слугуваат на интересите на власта. Сега интерес на власта е во јавноста да се претстави дека проблемот е решен. Ова се случува, додека мнозинството лозари во загриженост за својата егзистенција се пресметуваат, како овој откуп ќе ги покрие нивните амортизациски трошоци, штетите што им ги создадоа лошите временски услови и што ќе остане за основните потреби за издржување на семејството. А нема да остане ништо. Посебно што доцнат и субвенциите од државата за претходните реколти, што им се загарантирани со закон, со што лозарите се доведени во ситуација на преживување “ рече на пресот  Бетиане Китев, член на ЦО на СДСМ.

 

Тој обвини дека во 2013 година власта на ВМРО-ДПМНЕ издејствувала 2 денари повисока откупна цена на грозјето во обид да ги придобие лозарите, а сега бидејќи немало избори можело се да помине, па дури и ниски откупни цени.

 

„Власта се обидува вината за намалувањето на конкурентноста и на македонските вина и сорти грозје и слабиот пласман на виното на меѓународните пазари да ја префрли на лозарите. Бараме причините за ваквите состојби бо лозарството и трговијата со вино власта да ги побара во своите погрешни политики што доведоа до хаос  и во оваа област. СДСМ предлага зачувување на автохтоните сорти трпезно грозје за кое постои пласман на европските пазари и редовно и соодветно субвенционирање на лозарите“ рече Китев.

Додади коментар