Се асфалтира патот Кавадарци - Дреново
19-06-2017 РЕГИОН

 

1100 метри е должината од локалниот пат Кавадарци – Дреново што ќе добие нов асфалтен слој. Таму деновиве интензивно се изведуваат градежните работи, а денес на увид беше и градоначалникот Александар Панов.

 

Патот  е проширен на 5,5 метри. Проектирани се две коловозни ленти, секоја со широчина од 2 метри, како и банкини од двете страни на п-атот со единечна широчина од 75 сантиметри. Во оваа фаза реконструкцијата се однесува на потегот од спојот на локалниот пат за Дреново со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп. Трасата се движи по старото прилепско џаде, се до спојот со угорницата кон селото Дреново. Асфалтната подлога ќе биде со дебелина од 7см, на вкупна површина од 4150 м2. Финансиската конструкција изнесува 3,5 милиони денари, пари обезбедени  преку проектот за Рурален развој финансиран Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија.

А.Д

 

ВИДЕО од изјавата на градоначалникот Панов

Додади коментар