Се загубија пет планинари на Орле, четворицата пронајден по еден сеуште се трага

Четворица се пронајдени вчера по едно лице се трага и денеска. Петмина скопјани љубители на природата се изгубиле на пат кон врвот Орле на Вишешница. Првичните информации за нив говорат дека предизвик им било искачувањето на карпата Вишешница.

 

Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци било примено известување дека на пат кон врвот “Орле” кај селото Галиште се изгубиле пет лица планинари од Скопје.

 

Едно од нив веќе два дена било издвоено, додека четирите биле без храна и вода. Во потрагата беше вклучена екипа на МВР со хеликоптер, Гранична полиција Кавадарци и планинари на ПСД Орле.Во речиси без сознание ги најдовме четирите лица. Временските услови но и теренот во делот каде се упатиле истите се многу лоши. Орле знае да е предизвик за многумина, но на него не смее ни да се помисли ако се нема физичка и психичка подготвеност, планинарска опрема и добро познат терен, вели претседателот на Орле, Никола Минчоров. Тој во својата изјава за вестите на ктв опишува дел од потрагата, мобилизацијата на надлежните, очекувањата од денешната потрага, но и опасноста на врвот Орле.

 

На 37 годишна возраст е лицето по кое сеуште се трага. Истото заедно со четворицата пронајдени кон врвот Орле се упатило во понеделникот на 27 ми февруари.Неговата трага се губи веднаш по одвојувањето од групата.Добрите познавачи на овој терен велат, без храна и вода ако успеало да се засолни во ладните ноќи постои надеж.

 

Милица Младенова

 

повеќе во вестите на КТВ во 17.30, 20.00 и 22.30

Додади коментар