Се множат кучиња скитници
14-09-2015 РЕГИОН

Во секоја улица кучињата скитници стануваат опасност за граѓаните. Нив ги има и во центарот на градот. Глутници од бездомни сеат страв кај граѓаните посебно кај децата. Овој проблем во Кавадарци е присутен од поодамна, но решавањето на иситот оди тешко и бавно.

Градоначалникот Александар Панов најавува дека општината ќе прави напори да се отстранат кучињата од улица, но за тоа подршка е потребна и од граѓаните, вели тој.

 

„ Една од работите која недостасува на градот е третманот на кучињата скитници. Труењето или убивањето, според мене не вистински начин за решавање на овој проблем. Со Вардарски плански регион сакавме со помош на УНДП да го решиме проблемот на ниво на регион. Не се откажуваме од оваа постапка. Потребна ни е подршка од граѓаните. Овие кучиња скитници се сигурно сопственост на некои наши сограѓани. Да бидат поодговорни при нивното оплодување“вели градоначалникот Панов.

Дознаваме дека голем е бројот на граѓани што во изминатиот период побарале лекарска помош поради каснување од куче во општа болница Кавадарци.

A.Д

 



Додади коментар