Се поставуваат нови знаци од вертикалната патна сигнализација во Кавадарци
17-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку службата за патишта и патен сообраќај денеска започна акција за поставување на нови знаци од вертикалната патна сигнализација.


Во наредниот периот на локациите на кружните текови, раскрсниците, пешачките острови и премини ќе се постават физички пречки за означување на сообраќајните површини, како и знаци за извесување во кружна и правоаголна форма кои се составен дел од вертикалната сообраќајна сигнализација.

 

Според проектот општината на овие локации ќе постави 300 пластични столбови во црвена боја со бели флуоресцентни ленти, за видливо означување и одделување на сообраќајните површини низ улиците во градот.
Со овој проект во значителна мерка ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, велат од општината.

Додади коментар