Се реконструира улица „Перо Видев“ во Ваташа
14-08-2019 РЕГИОН

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со работа на реализација на проектот на Општина Кавадарци за реконструкција на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.


Денеска се отстрануваше гранитната коцка и расчистување за подготовка на теренот. Според проектот во оваа фаза е предвидена обнова на површина од 350 квадратни метри. Овде ќе бидат поставени нови рабници, тампон и на крајот ќе се поплочи со бехатон. Во тек е тендерска постапка за продолжување на работите за поплочување на целата должина од оваа улица.


Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија.

 

Градежните работи на улицата „Ќиро Каракулев“, пак,  влегуваат во завршна фаза. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на поставување на бехатон плочките како завршна фаза од реализацијата на проектот.


После низа децении со овој проект се изврши урбанизирање и хуманизирање на просторот за граѓаните од овој дел на Кавадарци кои конечно ќе имаат подобри услови за комуникација.


На оваа локација општината претходно отстрани склонопадна куќа, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“ - информираат од општината.

Додади коментар