Се реконструира улица „Полошка“ во Кавадарци
11-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци започна со реконструкција на дел од ул.„Полошка“.

 

Според проектот предвидено е во оваа фаза целосно да се реконструираат 600 метри квадратни коловозна површина, како и 320 квадратни метри тротоари. Исто така ќе бидат заменети и рабниците.

 

Во првата фаза се отстрануваат: стариот асфалт, рабниците и бетонските тротоари. Потоа ќе следи порамнување поставување нови рабници, тампонирање и асфалтирање на целокупната површина предвидена за ревитализација.

 

Овој проект е дел од кампањата (мај-октомври) за реконструкција на улици и објекти во урбаните и месните заедници во Општина Кавадарци.

 

Проектот се реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци, информираат од општината.

Додади коментар