Советот на општина Кавадарци утре ќе ја одржи редовната 36-та седница
28-09-2015 РЕГИОН

Со почеток од 11 часот утре ќе заседава советот на општина Кавадарци. Закажана е 36 -та редовна седница. Советниците ќе ги разгледуваат и ќе одлучуваат програмите и извештаите за работењето на основните и средните општински училишта, музичкото училиште и детската градинка „Рада Поцева“.

На дневен ред е и одлука за еднократен отпис на долг по основ на комунална такса за користње и одржување на јавно осветлување. Ќе се разлегува и одлуката за измена на финансискиот план за 2015 година на ЈП Комуналец, како и извештајот за работењето на Комуналец за првото полугодие од годината.

Советот треба да се изјасни и по прелоджената одлука за пристапување на општината како еден од основачите на фондацијата „Кластер на туризам на Тиквешкиот регион“ .

На дневен ред се и одлуки за утврдување потреба од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од плански опфат и за усогласување на намената на бесправно изградените објекти со намените на земјиште.

Во рамки на 36-тата редовна седница ќе се одлучува и по програмата за одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на општина Кавадарци во зимски услови за 2015/2016 година и по одлуката за усвојување на елаборат за процена на штети од елементарна непогода-поплава што ја зафати општина Кавадарци кон крајот на јануари и првите два дена од февруари.

А.Д



Додади коментар