Советот на општина Кавадарци ја одржа 36-тата седница
29-09-2015 РЕГИОН

Нeма проблеми во образованињето во Кавадарци. Ваков впечаток може да се добие после денешната седница на кавадаречкиот совет на која советниците ги разгледуваа програмите и извештаите за работа на основните и средните училишта. Без дискусии советот едногласно ги прифати, а тоа говори дека во сите училишта условите за работа и наставата се изведуваат беспрекорно.

 

Во делот на програмата за работа и извештајот на детската градинка „Рада Поцева“, советникот Горан Белевски информира дека покренува иницијатива за ребаланс на буџетот на општината, со цел да се издвојат пари од општинската каса за изградба на нова детска градинка. Според него овој проблем повеќе неможело да се толерира бидејќи во градинката од макисмалниот капаците за згрижување на 580 деца, сега се згрижени над 1000, а огромен е бројот и на деца кои чекаат да бидат примени во градинка. Белевски обвини и за вработување на партиски кадар низ градинките, а поради тоа се случил и немилиот настан од минатата недела, кога беше вратено изгризано дете од градинка. Тој побара и финансиски средства од буџетот за реконструкција на кровот на клонот „Изворче“.

 

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, АНита Гинова Каракутова информира дека изградбата на нова градинка била на дневен ред на седница на влада и истата по добивањето на владината одлука ќе започнела да се гради. На ова реплицираше советникот Белевски кој рече дека неможел да им верува на градоначалникот и владеачката партија бидејќи изградбата на новата градинка во Кавадарци била ветена уште во изборната програма од 2009 година, а градоначалникот посотојано во изјавите за медиумите нагласувал дека ќе се отпочне со изградба на нова градинка. По овие дискусии едногалсно беа усвоени и програмата и извештајот за работа на детската градинка „Рада Поцева“.

 

Едногласно без расправа беа усвоени одлука за утврдување на нацрт детален урбанистички план за дел од уб 22, индустриска зона. И одлуката за еднократен отпис на долгот по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.

Советот ја разгледуваше олдуката за измена на финансискиот план и извештајот за работа на ЈП Комуналец за периодот од почетокот на годината до 30 јуни годинава.

 

 Беше поздравено позитивното работење на јавното претпријатие, редовното водоснабдување, обновувањето на возниот парк, а советници од опозицијата прашаа на што се должат , како што рекоа, еноромно високите сметки за вода. Советникот Горан Белевски презентира пример каде еден кавадарчанец претходно плаќал по 700 денари, а сега имал сметка од 1500 денари. Директорот на Комуналец, Илија Атанасов одговори дека немао покачување на цената за комунални услуги туку дека можеби таквото зголемување на сметклите е резултат на ажурирањето на дворните површини на граѓаните со податоци добиени од катастар. Како што рече Атанасов, претходно некои граѓани пријавувале помала дворна површина.

 

Советничката Божанка Минова апелираше Комуналец да ја убрзал постапката за распределба на бесплатните пластични канти за смет до домаќинствата, но и додека да се реализира проект за изградба на нов градски пазар да се изврши замена на тезгите со нови.

Од директорот советниците побараа извештаи за работењето на Комуналец во изминатите 10 и 15 години како би се направиле анализи како работело претпријатието некогаш и денес. Советничката Анита Гинова Каракутова рече дека Кавадарци има ЈП со кое може да се гордеат сите бидејќи работи со добивка.

Извештајот за работењето на Комуналец беше усвоен со 13 гласа За, додека петмина оветници од опозицијата гласаа против.

 

На денешната 36-та седница советот донесе одлуки за доделување на финансиски средства од буџетот на селата Ќесендре, Драгожел, Чемерско и на фудбалското игралиште во Глишиќ. Исто така беше донесена одлука да се донира старо возило на ЈП Комуналец Кавадарци на комуналното претпријатие на Богданци. Советот ја усвои и програмата за зимско одржување на локалните патишта и улиуци, а се избраа и претставници во советот на млади.

Aнгел Данов



Додади коментар