Сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

Шестмина повредени  е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Неготино- Кавадарци, кај месноста „Криво мовче“.

Дежурниот хирург во Кавадаречката болница, д-р Благојче Митев ни потврди дека сите повредени биле  во доба здравствена состојба.

“Во болницата лекарска помош побараа шестмина повредени во сообраќајката. Ниеден од нив немаше витално загрозување на здравјето. По укажаната помош сите се пуштени на домашно лекување“ рече д-р Митев.

Од полицијата информираа дека во несреќата учествувале две патнички и едно товарно воизло. Причина за несреќата е недржење правец и страна на движење.

- Сообраќајката се случила околу 20:30 часот. Патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива, инфрмира  советникот за односи со јавноста при МВР, Дејана Недељковиќ.

Увид на лице место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци.

А.Д

Додади коментар