Со концерт на Стево Волчев трио и пријателите завршува „Кавадаречка културна есен“
14-12-2015 КУЛТУРА

Една од најмасовните културни манифестации  во градот „Кавадаречка културна есен“ утревечер  завршува со голем концерт на музичарот Стево Волчев трио и пријателите. Почетокот на концертот е закажан за 19 часот во Домот на културата „Иван Мазов Климе“.  Членовите на триото Стево Волчев хармоника и пијано, Пешо Бошков  кларинет и Горан Јанев кавал  сите докажани музички педагози во Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ досега и се добро познати на кавадаречката културна јавност со бројни настапи  на разни  културни манифестации и јубилејни свечености.

 

Нивниот голем концерт ќе биде збогатен со  настапи на познати кавадаречки солисти и музички групи  како : Наташа Малинкова , пеачката група при Здружението на пензионери на Кавадарци  со солистите Ангел Тотов и Маријана Пешиќ. Радица Костадинова, хорот при ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ и Силвана Чулева Атанасова.

 

                 Со завршувањето на манифестацијата „Кавадаречка културна есен  не значи дека  престануваат и случувањата пд културата, напротив ги најавуваме традиционалните  настани како пто се годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци, новогодишниот концерт на ОМБУ „лазо Мицев Рале“, новогодишната театарска престава во изведба на театарот при Домот на културата и новогодишниот концерт  на хорот и оркестарот  при гимназијата „Добри Даскалов“   а по 1. Јануари ќе следат манифестациите  традиционалната коледарска средба „Дедо цепе бурина“ и божиќниот концерт.

Mирјана Мукаетова

Додади коментар