Термо фасади за зградите на Илинденска во Кавадарци
05-08-2013 РЕГИОН

Ќе се реконструираат фасадите на станбените згради во центарот на Кавадарци. Со тоа ќе се подобри ликот на центарот на градот, а граѓаните ќе добијат  енергетски ефикасни станови и ќе заштедат. Денеска општината потпиша меморандум за реализација на проектот со УСАИД и Хабитат Македонија.

„ УСАИД покрај учеството во јавниот сектор за прв пат во Кавадартци учествува и во приватниот сектор. На улица Илинденска ќе пристапиме кон ркеонструкција на фасадите. Луѓето добиваат заштеда на електрична енергија и добра изолација, а центарот на градот модерен лик. Граѓаните кои ќе се вклучат во овој проект во исто време  ќе можат да ги заменат и своите прозирци и врати. Општината ќе го подржи проектот  со 20 отсто во делот на финансиската конструкција. “рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

Испитувањата што ги има направено УСАИД покажале дека со термо фасадите домаќинствата ќе заштедат од 30 до 40 отсто од топлинската енергија. Токму и затоа овој проект на УСАИД и Хабитат се фокусирал на енергетската ефикасност во домувањето кај семејствата со ниски примања преку низа на нактивности наменети за подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања, кои живат во згради за колективно домување.

„Станарите треба да се сложат барем 70 отсто од нив да ги променат прозорците и вратите, а во делот на правење на термичка фасада тука учествува и општината во покривање на дел од трошоците. Станува збор за заеми со многу поволна каматна стапка“ рече Лилјана Алчева, програмски директор во Хабитат. 

Ангел Данов



Додади коментар