Тиквеш 2014 ќе игра во трета лига
16-06-2015 СПОРТ

По неколку годишна агонија, конечно фудбалот во Кавадарци ја промени насоката на движење, па од наредната година фудбалското дно ќе биде заменето со едно скалило поквалитетно натпреварување, и тоа благодарение на фудбалерите на Тиквеш 2014 кои речиси со сто процентен учинок сезонава си обезбедија заслужен третолигашки статус.

Последната пречка на патот до остварувањето на целта, тимот на Кожув немаше премногу шанси против фудбалерите на Тиквеш 2014 кои и покрај дополнителниот притисок кој го донесе одложувањето на првичната средба закажана за во саботата, со три гола во противничката мрежа потврдија дека имаат квалитет за во третолигашкото друштво.

На шест минути пред паузата за полувреме, Видан Станоев со ефектен гол ја најави радоста на фудбалско Кавадарци, а Александар Јованов во 78 минута ја удвои предноста. За да нема никакви сомневања во триумфот, но и за мирен финиш се погрижи Стефан Јанев кој во 82тата минута ги постигна конечните Тиквеш 2014 - Кожув 3-0.

Додади коментар