Убиена педесетгодишна жена во Кавадарци

Снежана.Т родена на 1964 година од Сирково која живеела вонбрачно со лицето Муарем А. роден исто 1964 година во барака на улица Индустриска во Кавадарци вчера била пронајдена мртва во бараката во која живеела.Имено Муарем А. во 12,05 часот во ПС од ОН Кавадарци пријавил дека во својот дом ја нашол мртва вонбрачната партнерка.Увид на лице место извршиле инспектори од Полициска станица Кавадарци,екипа на судска медицина од Скопје и јавен обвинител од Велес.

При увидот и претресот во бараката, утврдивме траги на насилство на черебот на убиената Снежана.Т. и пронајдовме предмети со кои е сторено кривичното дело убиство, потврдува за ктв кавадаречката Полиција.Поради основаното сомневање за сторено кривично дело убство лицето Муарем А. е приведено и лишено од слобода. Во текот на денешниот ден истото ќе биде предадено на истражните органи во Велес, јавен обвинител и суд, дознаваме од кавадаречката Полиција, а случајот го потврдува и потпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

М.М

 

 

Додади коментар