Усвоен рабалансот на буџетот на општина Кавадарци
17-06-2014 РЕГИОН

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Кавадарци и ребалансот денеска беа дел од точките на дневен ред на 17-та седница на кавадаречкиот совет.  Опозицијата гласаше против со образложение дека реализацијата на буџетот не била според планираното. Сепак со 11 гласа за и 5 против беа усвоени и кварталниот извештај и буџетот.

Во образложението на извештајот се наведува дека во периодот од 1 јануари до 31 март приходите биле реализирани со 19,48% од планираното или во буџетот влегле приходи од 130.661.773 денари од планираните 670.846.000 денари.

Советниците од опозицијата во своите диксуии забележаа дека буџетот е предимензиониран и затоа е слаба неговата реализација.

„Разгледувањето на извештајот за првиот квартал од оваа година е задоцнето. Извештајот ја потврдува мојата констатација дека предизмензиониран буџет неможе да се остварува. Ребалансот го гледам како техничко решение да се купи време“ рече советникот Зоран Бањански.

Градоначалникот Александар Панов рече дека со дел од констатациите на советниците од опозицијата се согласува но секогаш при планирањето на буџетот поставува повисока цел за реализација за да може да има и поголема реализација.

„Согласно законот за финансиска дисциплина на општините од наредната година нема да проектираме поголем буџет, туку што пореален. Ние сме една од малите општини кои издвојува средства од буџетот за социјална и здравствена заштита, иако тоа не е наша надлежност, но човечки е да им се помага на засегнатите граѓани“ рече Панов.

Следеа уште низа забалешки од опозиционите советници и одговори од градоначалникот. Со 12 гласа за и 5 против беа усвоени и измените на програмата за уредување на градежно земјиште. Едногалсно советниците ги прифатија измените и на програмите за изработка наурбанистички планови,   за поставување на урбана опрема и за активностите на општината во областа на младите и спортот.

Советот едногласно донесе одлука за давање на времено користење на градскиот олимписки базен на ЈП за стопанисување со спротски објекти „Мито Хаџи Василев Јасмин“ Кавадарци. Беа донесени и одлуки за доделување на финансиски средства од буџетот на лица на кои им е потребна помош.

Диме Коцевски, Александар Малинков, Зоран Станоев и Билјана Гроздановска се луѓето кои ја добија подршката од советот да бидат д задолжени за организаирање на туристичко културната манифестација „Тиквешки гроздобер 2014“.

Без дискусии од советниците беше едногласно прифатен извештајот за редовното работење на ЈП „Јасмин“ за првото тромесечие од 2014 година и извештајот за работењето на Вардарскиот плански регион

Додади коментар