Успешна крводарителска акција реализирана во Кавадарци
16-07-2019 РЕГИОН

Редовна крводарителска акција за припадниците на МВР во Кавадарци, која се одржува во просториите на гранична полиција РЦ за ГР Југ Кавадарци. Акцијата е во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска огранизација Кавадарци, МВР и Институтот за трансфузиона медицина - Скопје.

 

Според годишниот план за крводарителство, Црвен крст Кавадарци на ниво на двете општини Кавадарци и Росоман треба да реализира 1184 крвни единици или околу 3% од вкупниот број на жители во двете општини. Заклучно со месец јуни како пресек за половина година, предвидени се да се реализираат околу 600 крвни единици, а реализирани се над 800 крвни единици што значи бројката е натфрлена со околу 200 повеќе. Голем респект и браво за нашите крводарители.

 

„Граѓаните од Тиквешијата секогаш покажуваат високо ниво на хуманост кога е во прашање крводарителството. Следната крводарителска акција е во вторник 23-ти јули во просториите на Црвен крст Кавадарци, за сите граѓани од двете општини Кавадарци и Росоман“ вели  Димитар Каракулев Претседател на Црвен крст Кавадарци и Потпретседател на Црвен крст на Република Македонија.

Додади коментар