Успешно реализирана хуманитарната акција „Велигден во секој дом“
07-04-2018 РЕГИОН

 

Хуманитарната акција која минатата недела се реализираше во поголемите маркети во Кавадарци под мотото „Велигден во секој дом“ е успешно реализирана, информираа организаторите, Ротари клуб Кавадарци и Ротаракт Кавадарци.

 

Тие исто така упатуваат голема благодарност до граѓаните на Кавадарци кои ја покажаа својата хуманост и помогнаа со прехрамбени продукти празнувањето на големиот христијански празник Велигден да биде и во домовите на ранливите категории граѓани.

 

По завршувањето на акцијата, се подготвија 102 пакети кои беа распределени на 50 социјално ранливи семејства и Домот за деца без родителска грижа од Кавадарци во координација со Центар за социјални работи Кавадарци.

 

Се надеваме дека акцијата ке прерасне во традиција, како одраз на хуманоста на сите Кавадарчани- додаваат ротаријанците.


А.Д



Додади коментар