Утре советот на општина Кавадарци ќе ја одржи 17-та седница
16-06-2014 РЕГИОН

Пред советниците во кавадаречкиот совет утре е кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во првиот квартал од 2014 година. Покрајовој документ кој говори за финансиското работење на општината во рамки на седумнаесетата седница чиј почеток е закажан за 12 часот, ќе се разгледува и предлог одлуката за ребаланс на буџетот.

На дневен ред се и измените на програмите за уредување на градежно земјиште, за изработка на урбанистички планови и за поставување на урбана опрема. Ќе се разгледуваат и две одлуки за урбанистички планови, и измените на програмата за активностите на општината во областа на спортот и младите за 2014 година. Исто така пред советниците се  и неколку одлуки за доделување на финансиска помош. Ќе се разрешуваат и именуваат членови на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и на управниот одбор на ЈП Комуналец. Ќе се именува и организационен одбор за организаирање на туристичко-културната манифестација “Тиквешки гроздобер“.

Исто така во рамки на утрешната седница на советот ќе се разгледува и извештајот за работењето на ЈП “Мито Хаџи Василев- Јасмин“ за првото тромесечие од 2014 и годишниот иазвештај за работата на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

А.Д

Додади коментар