Фени го пречекува МЗТ, Тиквеш игра со Новаци
07-04-2017 СПОРТ

Фудбалерите на Тиквеш утре ке имаат можност да му се рерваншираат на тимот на Новаци за поразот на домашен терен пред две недели во рамките на 18 коло. Имено утре во третиот круг на првенството во втората МФЛ утре односно во 20 коло Тиквеш повторно во Кавадарци го пречекува тимот на Новаци.

 

Ова е битен натпревар за кавадарчани бидејки во следните две кола ке одиграат два тешки натпревара. Прво во 21 коло ке му гостуваат на второпласираниот тим на Скопје а во 22 ке го пречекаат лидерот Академија Пандев. Затоа утре Тиквеш едноставно мора да победи. Пред се за да ги задржи реалните шанси за опстанок во лигата но и за зголемување на самодовербата пред двете тешки средби со екипи од врвот на табелата. Средбата Тиквеш Новаци се игра на градскиот стадион во Кавадарци со почеток во 16 часот.

 

И кошаркарите на Фени утре во рамките на шестото коло од кошаркарската суперлига ке се обидат да ја направат многу интересна борбата за 4 место на табелата место кое носи пласман во разигрувањето за титулата. Но таа работа воопшто нема да биде лесна бидејки во Кавадарци утре ке гостува фаворизираниот и непоразен тим на МЗТ Скопје.

 

Можеби токму аутсајдерската улога која ке ја имаме ке биде наша шанса да го изненадиме скопскиот состав.Откако се повреди Магдевски Фени никако да ја состави одбраната. Се редат порази кои најчесто се резултат на слабата одбрана но и на големиот број на грешки. Ако се надминат себеси кавадаречките кошаркари со борбена игра можат да го изненадат противникот. Секако ке биде потребна и одредена доза на среќа но и помош од трибините. МЗТ без пораз по 5 кола е прв со 10 бода .

 

Соколи се втори со 9 а Работнички трет со 8. Екипите на Кожув , Куманово и ФЕни имаат по 6 бодови. Токму затоа нашиот тим ке мора да се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен доколку сака место во разигрувањето. Во останатите дуели Работнички во скопското дерби го пречекува тимот на Карпош Соколи а Кожув во Гевгелија игра со Куманово. Средбата Фени – МЗТ се игра утре сабота во салата Јасмин со почеток во 19 часот.

Мики Виденовиќ

Додади коментар